//По повод заминувањето во вечност на проф. д-р Бранислав Синадиновски / Проф. д-р Вулнет Амети, Ректор на Универзитетот во Тетово: Изразување на сочуство и благодарност за вредниот придонес кон разјаснувањето на вистината за нашите сонародници ортодоксни албанци.

По повод заминувањето во вечност на проф. д-р Бранислав Синадиновски / Проф. д-р Вулнет Амети, Ректор на Универзитетот во Тетово: Изразување на сочуство и благодарност за вредниот придонес кон разјаснувањето на вистината за нашите сонародници ортодоксни албанци.

2021-02-07T03:02:33+00:00 Февруари 06, 2021|

Почитувани пријатели,

наша е должност, а особено на институциите што ги претставуваме, да го изразиме нашата почит и благодарност за личности, научници и дејци кои бранеа прашања од национален интерес. Еден од нив беше проф. д-р Бранислав Синадиновски, за кого бев известен дека неодамна починал.

Професорот Синадиновски е познат на јавноста по изразувањето на храброст да го потврди својот албански идентитет, со потекло од Горна Река.

Ние како универзитет, кој се фокусира на изучување, негување и заштита на албанскиот јазик, историја и култура, развивме плодна соработка со проф. д-р Бранислав Синадиновски, и ја поддржавме објавувањето на неговата книга „Ортодоксните Албанци во Република Македонија“, студија со високи историски, културни и социјални вредности, која обезбедува неоспорни докази за многу чувствителното прашање на ортодоксните албанци во Северна Македонија.

Преку оваа публикација, тој остави зад себе неколкугодишно истражување за овој дел на албанскиот народ, како и на сите други албанци низ историјата, се соочил со многу потешкотии.

Професорот Синадиновски до својата смрт ја бранеше каузата во која веруваше, дека ортодоксните албанци во нашата земја и во другите земји се автохтони, кои зборуваат на албански јазик, и како такви се составен дел на албанскиот народ.

Тој, зад себе ја остави основањето на Албанската ортодоксна црква и одржувањето на мисата на албански јазик, која останува како должност и на другите научници и верници да ја остваруваат оваа голема цел во иднина.

Ние сме длабоко благодарни за неговиот вреден придонес во разјаснувањето и афирмацијата на вистината за нашите сонародници ортодоксни албанци, а истовремено, по повод заминувањето во вечност на професорот Синадиновски изразуваме сочувство до неговото семејство, пријателите, колегите, на албанска ортодоксна заедница и другите сонародници.

Почивај во мир професоре Синадиновски!

Проф. д-р Вулент Амети, ректор на Универзитетот во Тетово