На 11-ти октомври, во Приштина, Косовската академија на науките и уметностите и Албанската академија на науките и уметностите организираа научна конференција на тема: „Албанскиот роман, почеток на XXI век“, на која учествуваа познати научници од Албанија и од Косово.
На конференцијата учествуваше и деканот на Филолошкиот факултет – проф. д-р Фатмир Сулејмани од Универзитетот во Тетово, кој се претстави со трудот: „Албанскиот дух во туѓа облека“, тема поврзана со романот „Полифонисти“, едно од последните дела на авторот Луан Старова. Темите на книгата се поврзани со митолошките спомени на албанската етногенеза и етнопсихологија, чиј главен херој е полифониската песна – внатрешен код на националната меморија.
Трудот беше високо оценет од страна на другите учесници и од страна на аудиториумот кој беше присутен на овој важен научен настан.
Ова беше единаесеттата конференција на двете албански академии на науките и уметностите на која активно учествуваше и проф. д-р Фатмир Сулејмани.