//Школа за лидерство, јавно говорење и дебата

Школа за лидерство, јавно говорење и дебата

2018-10-26T16:10:55+00:00 Октомври 26, 2018|

Школата за лидерство, јавно говорење и дебата вклучува една вистинска и сериозна обука, како и можност за проширување на хоризонтите и стекнување на нови познавања, како и создавање на критичко размислување и стратегија за превземање на одговорност. Оваа програма е посветена на млади професионалци кои ќе бидат запознаени со теоретски аспекти, глобални информации и разни техники, ќе бидат обучени во областа на преземање на одговорност како лидери, а исто така и во полето на изнесување јасни и отворени ставови, како и изнесување на нивните верувања преку дебатирање.
Оваа програма ќе ја води од истакнати и искусни предавачи во релевантни области, како што се:
– Сонила Мечо
– Аманда Море
– Клајда Ѓоша
– Назим Рашити
– Далина Фицо
– Пранвера Касами
Кој може да аплицира?
Сите лица кои посакуваат понатамошно лично усовршување. Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат овие услови:
– да имат лидерски дух и желба за промени;
– да бидат визионери и проектанти на иднината;
– да имат завршено високо образование, или да бидат во трета година на студии;
– да бидат државјани на Македонија;
– да бидат на возраст до 35 години;
– да имаат способност за развибање на критичко размислување.
Предност имаат кандидатите кои се добри познавачи на англискиот јазик и на MS office програми.
Предавањата ќе се одржат секој викенд, од 10 ноември – 15 декември 2018 година, во Тетово.
Последниот рок за аплицирање: 30 октомври 2018 година!
Формуларот за апликација можете да го превземате на оваа адреса:

https://goo.gl/forms/MbYQseYFfzspf9yA2
За повеќе информации можете да ја посетите службената интернет страница:
http://pointed-consulting.com/apply/
EMAIL: shkolla@pointed-consulting.com
Или да се обратите во Центарот за студентски услуги и кариера на УТ, канцеларија бр. 147, Филолошки факултет, на први спрат.