//Студентите на Факултетот за уметности организираа концерт со инструментална и со вокална музика

Студентите на Факултетот за уметности организираа концерт со инструментална и со вокална музика

2018-06-26T14:05:09+00:00 Мај 17, 2018|
Студентите на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово организираа годишен концерт со инструментална и со вокална музика. Ова е втор концерт организиран од страна на студентите и на професорите од Студиската програма за музичка уметност.
Раководителот на Студиската за музичка уметност, проф. д-р Бајрамали Идризи рече дека вакви концерти се организираат само двапати годишно, на крајот на летниот и на крајот на зимскиот семестар. Според него, овие концерти имаат за цел да им овозможат на студентите да се претстават пред публика. „Денес нашите студенти ја завршија академската година со годишниот концерт, а истовремено полагаат и испит по одреден предмет. Студентите се претставија со дела од познати албански и светски композитори, а на Концертот учествуваа оркестарот, хорот, солистите и инструменталистите“. – рече проф. д-р Бајрамали Идризи.
Семестралниот концерт на студентите од Факултетот за уметности започна со хорот на Универзитетот во Тетово, со интерпретацијата на песните „Lule Bore“ од Симон Ѓон и „Dasma Arbëreshe“ од Рауф Доми. Концертот заврши со „Симфонијата бр.45“ од Хајден, интерпретирана од оркестарот на Универзитет во Тетово.