//Студентите на Универзитетот во Тетово го посетија претседателот на Албанија, г. Илир Мета

Студентите на Универзитетот во Тетово го посетија претседателот на Албанија, г. Илир Мета

2018-07-05T11:12:22+00:00 Април 10, 2018|
На иницијатива на професорите, доц. д-р Дашмир Идризи и проф. д-р Астрит Мема, студентите од Катедрата за новинарство од Универзитетот во Тетово, минатата недела (5-6) април 2018 г., реализираа посета во најважните државни институции во Република Албанија.
Студентите од Универзитетот во Тетово се запознаа со просториите на Палатата на бригадите, како и со историјатот, архитектурата и со уникатноста од времето на Кралот Зог.
Важен дел од агендата беше и средбата со претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета, кој реализира и неформален разговор за политичкиот развој и за состојбата на Албанците надвор од Албанија.
„Одобрувањето на демаркацијата во Република Косово, најголемиот проблем за безбедно движење на Косоварите веќе е минато. Вие во Македонија ја имате можноста за движење, па сега албанскиот пасош го сакате само за задоволство и гордост, а за да го имате истиот, потребни се неколку процедури.“ – соопшти претседателот Мета. Тој, исто така, назначи дека Албанија е под мониторинг и дека треба многу внимателно да се дава државјанството.
Претседателот Мета ги коментираше ставовите на претседателот Ѓорге Иванов, кој соопшти дека нема да го признае Законот за јазиците.
„Нема право на такво однесување, треба задолжително да го признае. Собранието го одобрува двапати, па затоа Законот за јазиците треба да се применува. Овој закон не им дава предност на Албанците, бидејќи тоа е нивно право уште од Охридскиот договор.“ –изјави Илир Мета, и ги нагласи добрите односи на Македонија со Албанија и неговата желба за соработка во областа на образованието.
Студентите имаа средба и со административниот соработник на президиумот, Ерион Делвина, кој им зборуваше за работата и за вредноста на Собранието во држава со парламентарен систем како Албанија.
Потоа студентите ги посетија и некои од најважните медиуми во Албанија, како: Албанската радиотелевизија, Топ Канал и Клан Плус.
Соработничките односи меѓу УТ и универзитетите, медиумите, интелигенцијата и авторитетите во Албанија датираат од 1994 година – од основањето на УТ, а со голем интензитет и поголеми успеси продолжуваат до денес.