//УТ го одбележи 23-годишнината од првите предавања

УТ го одбележи 23-годишнината од првите предавања

2018-06-26T14:25:58+00:00 Февруари 17, 2018|

Со посета на историскиот Музеј на Универзитетот во Тетово, во село Порој, одавањето почит пред гробот на првиот ректор на Универзитет во Тетово, проф. д-р Фадил Сулејмани, и почит пред бистата на паднатиот борец за високото образование на лабански јаик, односно на Универзитетот во Тетово, Абдулселам Емини, ја одбележи 23 годишнината од првите предавања, со кои за албанските студенти на нашата земја се остварил сонот за да имаат унивезитет на мајчин јазик. На 17 февруари 1995 година почнале првите предавања, кои се одржаа во селото Порој и во Мала Речица, таму каде што беа собрани  илјадници луѓе да ги подржуваат нивните синови и ќерки, кои ја пишувале најсветлата страница на историјата на овој албански дел, со раѓањето на Универзитетот во Тетово.

Во чест на овој историски датум, денеска во просториите на Универзитетот беше организирана една свечена акдемија,  на која учествувале раководните лица на Универзитет, гости од Република Албанија и Република Косово, професори и студенти. Ректорот на Универзитетот во Тетово во својот говор пред присутните на аудиториумот потенцираше дека, денес сите заедно сме тука за да го одбележиме еден од  најважните настани од основањето на универзитетот, 23- годишнината на почетокот на првите редавања. „Се сеќаваме на клучните моменти на образовниот и научниот процес на Универзитетот во Тетово, првите часови кои ја одбележуваат ерата на високото образование на албански јазик во нашата земја.  Соочени со полициските сили и со темната и антидемократска власт, на 17 февруари 1995 година, победи храброста на нашите слободоумни граѓани, определувањето на студентите на златната генерација, првата генерација, мудроста и прогресивната визија на професорите, предводени од првиот ректор на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Фадил Сулејмани. Како во  ниту една земја на светот, почетокот на работата на универзитетот, Универзитетот во Тетово, во 1995 беше проследена со отпор на полициските сили која врши насилство над граѓаните кои излегоа во одбрана на универзитетот. Како последица на силата во тоа време, за жал имаше многу повредени и затворени, меѓу кои и ректорот проф. д-р Фадил Сулејмани и други раководители, додека Абдулселам Емини беше убиен. Неговото паѓање, ги покрена на нависоко ниво темелите на оваа институција на светлината и на знаењето, на првиот Универзитет на албански јазик, институцииата на национална гордост, на образовната инситутција  на сите албанци, Универзитетот во Тетово, истакна проф. д-р Вулнет Амети.

Тој, исто така изјави дека историјата на почетокот на нашиот Универзитет подобро потрвдува кога еден народ ја подржува една идеја, како што е образованието на универзитетско ниво, ниту една сила не може да ја спречи. „Во текот на 23 години, нашиот Универзитет ја оствари својата образовна мисија, ги оствари своите цели и стана јавен универзитет во рамките на образовниот систем на Македонија. Ние им се заблагодаруваме  на сите тие што придонесоа за основањето и достигунањата до денес на овој Универзитет. Поради нивната подршка, нивниот пот, постојаната работа на стотици наставници, нашиот и вашиот Универзитет, е подигнат на една образовна институција која промовира образовни и научни вредности, признати и во европскиот вредносен свет. На посебен начин, од срце им се заблагодаруваме и им искажуваме благодарност на абланските семесјтва кои нивните домови ги претворија во први училници на овој Универзитет. Студентите на првата генерација, професорите и соработниците кои дадои придонес за подигнување, унапредување и консолидација на оваа институциа на вискотот образование на албански јазик  и за неговот одржување на образовниот и академски процес, посебно професорите на Универзитетот во Приштина и Универзитетот во Тирана. Одбележувањето на ова годишнина се совпаѓа и со националната година на Скендербег и со 10 годишнината од независноата на Косово, затоа, имам посебна чест во името на студентите, професорите и другите работници на Универзитетот, на сите албанци да им честитам за овие два големи настани, со уверување дека на институционален начин ќе се сеќаваме и ќе ја одбележиме славната ера на Скендербег и да се сеќаваме на сите тие мажи и жени, синови и ќерки кои се жртвувале на алтарот на слободата за една слободна и независно Косово“, изјави меѓу друго ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети.

На оваа академија беа присутни, деканот на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана, проф. д-р Артан Хоџа. Во оваа прилика нашиот ректор проф. д-р Вулнет Амети, на проф. д-р Артан Хоџа им додели благодарница за неговиот придоне за развојот и академското зајакнување на Универзитетот во Тетово. По добивањето на оваа благодарница, проф. д-р Артан Хоџа изјави: „Признанието што ја добивам од вас не ја сметам како индивидуална, бидејќи Вие со тоа му одавате  признание на Универзитетот во Тирана, на професорите и сите тие наставници кои во текот на годините го дадоа звојот придонес за Универзитетот во Тетово. Посебна емоција е што јас сум учесник на 23 годишнината на почетокот на првите предавања на Универзитетот во Тетово, еден универзитет кој се идетификува со својот херој, кои не е универзитет што нема историја, е еден универзитет кој е создаден со напор и жртвувања на албанскиот народ. Ние кои постојано ја следивме унапредувањето на универзитетот гледаме дека колку високо е подигнат овој универзитет, колку унапредувал за неколку години во споредба со порано, и оваа сите нас не направи горди бидејќи албанското образование, посебно високото образование, сега не е еден сон за албанците на овие простори, но тоа е опиплива реалност. Оваа влијае на развојот на Македонијата, но и за националното албанско прашање  во општо“, изјави проф. д-р Артан Хоџа. деканот на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана.

Исто така, во оваа кадемија ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети истакна  дека како признание на постигнатите резултати ви дисиплините професионален кикбокс и афирмацијата на  албанскиот спорт во меѓународна арена, им додели признание на трикратниот светксиот кампион во кикбокс. Исмаил Кета рече дека специално од Њујорк дојде тука само да да го почитува Универзитетот во Тетово, бидејќи името на овој универзитет кај секој албанец  дава посебни емоции. „Во моментот кога пристигнав тука, ми се чинеше дека сум во албанските територии и затоа ја користам оваа прилика на сите да им честитам кои придонеле за развојот на овој универзитет. Оваа чест ќе ја чувам во моите сеќавања, додека Универзитетот во Тетово ке го промовирам секаде во светот, бидејќи според историјата е многу посебен од сите други универзитети“, истакта трикратниот кампион на светот во кикбокс, Исмаил Кета.

Во текот на денот, по повод  годишнината на почетокот на првите предавања, ректорот  на на Универзитетот во Тетово, во својот кабинет организираше пречек за семесјтвото на Абдулселам Емини.