Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, по повод 9 Мај, Денот на Европа, организираше панел-дискусија на која се зборуваше за важноста на овој ден и за брзата интеграција на нашата земја во Европската Унија. Организаторот, проф. д-р Башким Селмани, рече дека Правниот факултет секогаш е подготвен да ги одбележи вредностите на албанскиот народ. „Факт е дека Албанците живеат во многу земји, и дека сѐ уште се сочуваат со многу неправди. Тие имаат вложено многу труд, односно дадоа и албанска територија, како што е граничната територија помеѓу Косово и Црна Гора, за да влезат во Европската Унија“  – потенцираше проф. д-р Башким Селмани.

Продеканот за настава на Правниот факултет, доц. д-р Јусуф Зејнели рече дека Европската Унија претставува културен и јазичен диверзитет и политичко и економско соединување. „Ние како Албанци сме дел од Европскиот континент и треба да сме соединети со другите народи и земји на ЕУ за да функционираме како единица со вредности и заеднички стандарди. Ние посакуваме да бидеме членка на ЕУ, да имаме економски развој, безбеденост и почитување на различностите“ – изјави доц. д-р Јусуф Зејнели.

Во врска со основањето на Европската Унија, проф. д-р Илбер Села истакна: „Со филозофијата – никогаш повеќе војна и сиромаштија во Европа, кои ја водеа Черчил и Жан Моне ја конкретизираа декларацијата на Роберт Шуман за основање на Европската Унија“.

Доц. д-р Бујар Ахмеди посочи дека барањата кои им се упатуваат на нашите авторитети од страна на Европската Унија се: правилно функционирање на демократската држава, ефикасна администрација, независно судство и др. „Ова се некои од предизвиците што треба да ги помине нашата земја. Ние веруваме дека компромисот со Грција сè повеќе не зближува со Европската Унија, која, исто така, има потреба за Македонија како што Македонија има потреба за Европската Унија. Затоа сите ние треба да придонесеме во оваа насока.“ – рече доц. д-р Бујар Ахмеди.

На оваа панел-дискусија беше нагласено дека единствена алтернатива за Македонија е Европската Унија.